 Далечната 1951 година формирано е Спортското друштво на глуви „Слобода“. Како основачи на клубот ги бележиме имињата на Јово Момировски (кој е избран и за прв претседател на СДГ „Слобода“), Душко Хаџиниколовски, Славко Лазаревски, Киро Петровски, Илија Стратовски, Азири Зејнула, Ристо Ристовски и други. Најголеми успеси на СДГ „Слобода“ пред се е Државен првак за глуви во поранешна Југославија, во 1958 година. Три пати второ пласиран во Македонска регионална лига, како и Куп натпреварите со Работнички и Југококта (0-1) - 1972 година и Шумадија (Аранѓеловац) - Слобода (1:4).  Првиот званичен натпревар СДГ „Слобода“ го одигра 1951 година во Белград, каде е победена соодветната екипа на Београд со 2:0. Позначајни фудбалски победи се: Загреб: Загреб-Слобода 0:5 (1955) Ниш: Србија-Слобода 0:1 (1971) Солун: Солун-Слобода 1:3 (1978) Варшава: Полска-Слобода 2:5 (1981) Минхен: Минхен-Слобода 2:5 (1987) Еден од најзначајните натпревари и победи, секако е фудбалскиот натпревар одигран 1959 година на Градскиот стадион во Скопје пред 8.000 гледачи Слобода - Атина 5:0. Од формирањето на СДГ „Слобода“ па до денес, неговото постоење го одбележаа повеќе фудбалски имиња на чело со легендарниот Јово Момировски, пред се: Митко Колев, Илија Богдановски, Ристо Георгиевски, Душко Симоновски, Миомир Шуњевиќ, Драгољуб Маневски, Раде Богдановски, Тони Бочиновски, Фикрет Мехмеди и многу други, кои играа и во клубови низ целата држава. Фудбалскиот клуб на глуви ”Слобода”, даде и многу репрезентативци на поранешна Југославија за глуви фудбалери како што се Јово Момировски, Страхил Николовски, Ганчо Стојменовски, Киро Петровски, Ристо Ристовски, Стојан Парлов, Славко Лазаревски, Тоде Клинаров и други. Македонските фудбалери беа носители на играта на фудбалската репрезентација на глуви на поранешна Југославија и заслужни за четирите титули - Светски фудбалски прваци за глуви. 1953 Брисел (Белгија): Југославија - Италија 2:1, стрелец на двата гола за Југославија беше Јово Момировски; 1957 Рим (Италија): Југославија - Италија 3:1, стрелец на два гола за Југославија беше Јово Момировски; 1961 Хелсинки (Финска): Југославија-Англија 3:1, Момировски стрелец на еден гол; 1965 Вашингтон (САД): Југославија - Англија 3:1, Момировски стрелец на два гола. За репрезентацијата на поранешна Југославија Момировски одигра 61 натпревар (за постигнатиот број на погодоци не постои точна евиденција). Со осамостојувањето на Македонија, формирана е Фудбалска репрезентација на глуви, воглавно од фудбалерите на СДГ „Слобода“.
Првиот натпревар се одигра 1993 година во Београд: Југославија - Македонија 1:2, стрелци: Наум_Пупоски и Мирсат Ариф. Реваншот се одигра по 4 години 1997 години во Скопје; Македонија - Југославија 1:3, стрелец: Илија Илиевски; Првиот званичен фудбалски натпревар, репрезентацијата на Македонија го одигра на квалификациите за Европско првенство во фудбал за глуви 1999 година. Покрај Македонија, во групата беа и Шпанија и Словачка. Се играше еднокружно. Селектор на репрезентацијата беше Јово Момировски. 26.04.1998 Скопје: Македонија - Шпанија 1:1 (0:1) Стрелец: Газмен Велиу (прв гол за репрезентација) Црвен картон: Себастјан Зендел (прв жолт и црвен картон) 05.06.1998 Мадрид: Шпанија - Словачка 4:2 (3:0) 26.09.1998 Кошице: Словачка - Македонија 2:2 (0:1) Стрелци: Стевче Петрушевски и Дејан Серафимовски По водството на нашата репрезентација од 2:0 до 85 минута (со тој резултат се обезбедуваше пласман за завршницата на ЕП), Словаците за само 5 минути успеаа да изедначат, со што репрезентацијата на Шпанија го освои првото место во групата. ЕП се одржа во Осло - Норвешка, а Европски првак стана Италија која ја совлада Франција со 2:1. Нашиот противник од квалификациите Шпанија го освои 3 место со победата над Украина со 1:0. За квалификациите за Европското првенство во фудбал 2003 година, со жребката извршена 2002 година, Македонија требаше да игра во групата со Израел и Турција, меѓутоа поради немање финансиски средства, натпреварите беа регистрирани со службен резултат. ЕП се одржа 2003 година во Шпанија: Финале: Германија - Италија 2:0 за 3 место: Франција - Ирска 2:1 Најтешкиот период за фудбалската репрезентација на Македонија за глуви и СДГ „Слобода“ беше периодот од 1998 до 2002 година. Фудбал за глуви лица во Македонија немаше. Со своите 75 години и долгиот фудбалски век, ентузијазмот и љубовта кон фудбалот, не го пензионираа Јово Момировски. Напротив тој упорно го одржуваше клубот, каде мал број на фудбалски ветерани се рекреираа. Во септември 2002 година, со влезот на Кометал - трејд на г-дин. Трифун Костовски во клубот и именување на координатор на клубот - Розман Дамир, за краток период, клубот започнува со припреми за натпревари во сезоната 2002/03 во Скопската фудбалска лига. Периодот од четири години без натпревари силно се почуствува во играта и резултатите на СДГ „Слобода“. Под водството на Јово Момировски дојдоа и првите резултати, веќе во вториот дел од првенството. Иако е заземено последното место во лигата, играчкиот потенцијал ветуваше подобри резултати во наредната сезона. Во сезоната 2005/06, постигнат е и најголемиот спортски успех во историјата на клубот - пласман во трета Македонска лига север.
|