Nacionalna sportska federacija na gluvi na Makedonija

 
  • Decrease font size
  • Default font size
  • Increase font size
  • default color
  • blue color
  • green color
Одбојка на плажа
13.08.2010.
Националната спортска федерација на глуви на Македонија во својата програма за 2010 година, како нов спорт го планираше Одбојка на плажа. За таа цел неофицијално беа извршени разговори со Хотелот на глуви „Далјан“ во Охрид, за изградба на таков терен.

Управата на хотел Далјан оваа година го реализира проектот за изградба на спортски терен, кој се наоѓа до самото Охридско езеро.

Игралиштето веќе го користат групи кои летуваат во хотел Далјан.

Во наредниот период НСФГМ за доизградба на игралиштето, пристапни патеки, трибини и слично, ќе се обрати до Агенцијата за млади и спорт за обезбедување потребните средства.

НСФГМ планира во средина на септември да организира спортска манифестација „Одбојка на плажа 2010„ во соработка со Националниот сојуз на глуви и наглуви на Македонија.

Повеќе детали за оваа манифестација ќе најдете на оваа страница, по одржување на седницата на ИО НСФГМ, која ќе се одржи на 26 август 2010 г.

Одбојка на плажа

Одбојка на плажа

Одбојка на плажа

Одбојка на плажа

Одбојка на плажа

Одбојка на плажа

 

 
Андреј Стојановски на Државно првенство
13.07.2010.

По Европското првенство, пливачот Андреј Стојановски продолжува со успеси. Викендов се одржа летното Државно првенство на Македонија во пливање, каде Андреј е прогласен за „најдобар кадет“ со освоени 5 први, 3 втори и 4 трети места.

 Државно првенство на Македонија

Државно првенство на Македонија

Државно првенство на Македонија

 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 12 од 36